Потpecно сведоштво на единствената жена која заврши во притвор за 27 април и го зaгуби бебето- Го коментира случајот со притворот за Мијалков, вели можат тие и полошо

t

Елена Доцевска Божиновска е мајка на две деца на возраст од 2 и 1 година, а го загуби трето кое беше на пат поради приведувањето за настаните од 27 април.

Таа без никакво објаснување и докази заврши во притвор само поради тоа што од 2007 година е во редовен работен однос во Собранието на Република Македонија, каде и што беше вработена и за време на настаните на 27 Април 2017 година.

Во домот на семејството на Елена, Божиновски, до моментот кога не се вратила дома од притвор било забрането да се ѕвони на врата, бидејќи нејзините деца Софија и Наум, во секој момент ја очекувале нивната мајка. Таа беше апсена со специјалци во 5 часот наутро како најголем криминалец.

Со скриншот од Инфомакс, Божиновска сега ја коментира ситуацијата околу бесправното држење на Сашо Мијалков во затвор на повеќе од 7 часа и тврди дека оваа власта на СДСМ како што вели фашистичка може и полошо. Таа преку својот пример елаборира дека лично била држена безправно во притвор повеќе од 96 часа.

-Ма можат тие и појако…

За моето излегување од притвор во Шутка, судот одлучи во четврток, а од притвор излегов дури во понеделник, односно 96 часа по одлуката, 96 часа плус неоснован притвор!!!

Стално дописите ‘доцнеа’ или се ‘залепуваа’ во нечија фиока… Милион и едно прекршување на постапка, рок и закон… Изживување за кое не постои соодветен опис…

Исто, и бетер е и со другите политички затвореници.

И не, не е доволно да си оди Заев, треба во историја да замине целата фашизоидна политика на СДС, пишува Божиновска.

Адвокаткот на Сашо Мијалков, Ѕвонко Давидовиќ претходно во своја изјава откри дека неговиот клиент цели седум часа бил држен во притвор без законска основа, односно решение за притвор!

-Сашо Мијалков вчера беше држен во притвор без да има кон него одредена мерка притвор. Во тој момент немаше активна мерка освен гаранцијата која стапи на сила во мигот кога беше впишана во катастер во 14 часот. А во 21 часот дури му беше врачено новото решение на основниот кривичен суд, потенцираше тој.

Професорот по право Тони Десковски по вчерашното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ за кој Мијалков доби ново решение за притвор го квалификува како фијаско целиот случај истакнувајќи дека поради незаконското работење на СЈО сите негови постапки ќе завршат неславно.

-Редно е да се доживее и едно фијаско во судница, за да сфатиме во какво зло се претвори СЈО. Уште во моментот кога се напушти законската рамка, беше јасно дека ќе заврши неславно. Останува уште Судот за човекови права во Стразбур да одлучи за двете прашања: 1) употреба на снимките како доказ и 2) дејството на помилување на претседателот Иванов, пишува професорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Годишната стапка на инфлацијата во Македонија во…

Раст на деловната активност во Еврозоната во…

Деловната активност на еврозоната растеше со најбрзо…

Просечната нето плата во април изнесува 39.134…

Просечната нето плата во април изнесува 36.134…

Неочекуван пад на eкономската активност во Кина…

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) во…

(Видео) Траорно сведоштво на Македонка: После војната…

Пренесуваме сведоштво на Македонка која во емисијата…