Објавено на:

Пофалба за измамите: Руските комичари добија највисока државна награда

t

Руско дуо измамници, кои често успеваат да измамат политичари од интерес на руската држава, ја добија највисоката државна награда на Кремљ, објави во четвртокот државната новинска агенција РИА.

Станува збор за Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, кои ги користат псевдонимите „Вован и Лексус“, а РИА ја објави нивната фотографија направена на доделувањето во Кремљ со чаши шампањ во рака. Церемонијата се одржа во средата.

Наградата се доделува на руски и странски државјани. Критериумите за неговото доделување се зајакнување на мирот, пријателството, соработката и разбирањето меѓу Русија и другите народи.

Во јуни, Кузњецов и Столјаров објавија снимка од видео повик со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, кој падна на нивната измама. Го натераа да помисли дека разговара со поранешниот украински претседател, а со нив разговараше за Украина, САД и НАТО околу петнаесет минути.

Дуото е добро познато во Русија бидејќи со годините успеа да измами бројни политичари.

Меѓу нив се италијанскиот премиер Џорџија Мелони, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а во 2022 година успеаја да го измамат и тогашниот британски министер за одбрана Бен Валас.

Кузњецов и Столјаров на 9 јули 2019 година објавија видео од телефонскиот разговор со поранешниот македонски премиер Зоран Заев, во кои тие се претставија поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице задржано во станица по убиството…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Се сеќавате на Хакан Шукур? Ердоган му…

Хакан Шукур речиси една деценија не живее…

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…

Втор круг од парламентарните избори во Франција,…

Во Франција денеска се одржува вториот круг…