Почина новинарката Гордана Стошиќ

t

На 63 годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и поранешен генерален директор на Македонската радиотелевизија, Гордана Стошиќ.

Стошиќ беше дел од Националната телевизија – МРТ како репортер, а подоцна и како водител и уредник на вести.

Одреден период беше раководител на телевизијата А1, за потоа да се врати во МРТВ на позицијата генерален директор. Кратко, беше директорка на скопската телевизија Скај нет.

Голем број млади новинари ја поминаа нејзината школа низ редакциите кои ги раководеше како уредник и главен и одговорен уредник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ