Почина пациентка со грип, двајца пациенти се на респираторна поддршка
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип.
На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со полесна, а други со потешка клиничка слика.
Директор на Инфективната клиника во Скопје, доктор Фадил Цана, во изјава за МИА, информираше дека се работи за 75-годишна жена со доста коморбидитети, кај која е потврдено присуство на Инфлуенца тип А.
– Двајца пациенти моментално се на респираторна поддршка. И тука станува збор за постари лица, со доста коморбидитети. Претежно се невакцинирани пациенти, изјави за МИА, директорот Цана.
Докторот уште еднаш апелираше ризичните групи да се вакцинираат против грип. Ги советуваше оние со симптоми како температура, треска, болки во мускули, по тело, да седат дома и да се јават кај матичен лекар. Исто така, да се избегнува групирање доколку се има симптоми на грип.
Досегашните анализи покажале дека досега сезонава сме во малку полоша состојба со грип во споредба со лани, истиот период.
– Во споредба со минатата година, оваа сезона е со средна до висока активност на вирусот на грип на национално ниво, потврди Цана во изјавата за МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…
На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…
Грипот во Македонија ја зеде првата жртва…
На Инфективната клиника во Скопје почина 75…
Два авиони со млади луѓе еднаш неделно…
Станавме главен и одговорен дистрибутер на човечки…
Никој не е виновен за смртта на…
Судската постапка за трагичната несреќа во рудникот…
Слаб снег провејува, но патиштата остануваат проодни
Слаб снег провејува, но во моментов не…