Објавено на:

Почина славниот албански писател Исмаил Кадаре

t

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст, јавија албанските медиуми.

Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Бил академик, политичар, поранешен пратеник на Народното собрание (1970-’82), потпретседател на Демократскиот фронт и еден од најголемите современи писатели.

Пишуваше главно проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите.

Започнал да пишува уште кога бил млад, прво поезија, со која станал познат, а потоа проза, станувајќи главен албански прозаист. Неговите дела се преведени на околу 45 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот. Тој е еден од најбрилијантните современи писатели, неколкупати номиниран за Нобеловата награда за литература. Најпознато негово дело е „Генералот на мртвата војска”.

Во 1996 година Кадаре стана постојан член на Академијата за морални и политички науки во Франција. Тој е добитник на многу меѓународни награди. Во последните години, тој со сопругата Елена живееа на релација Франција- Албанија.

Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре решил да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдувал со „недостигот на демократски промени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крваво момче лежи додека го…

Во терористички напад во трговски центар во…

СЕ ВРАЌААТ ТРИТЕ ВОЗА СКОПЈЕ-БИТОЛА: Еве кој…

Домашниот туризам традиционално бележи пораст во летните…

Русија го суспендира учеството во Парламентарното собрание…

Руските пратеници денеска изгласаа суспендирање на учеството…

(Видео) УДАРНА ВЕСТ: Терористички напад во трговски…

Терористички напад се случил денеска во трговски…

Кавадарчанка му се заканувала на сопругот –…

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која…