Почина Фоте Никола – истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанијa

t

Вчера на 78-годишна возраст во Тирана, почина Фоте Никола – истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија.

Фоте Никола е роден на 4-ти март 1946 година во село Шулин, областа на Мала Преспа. Тој бил уредник на програмата на македонски јазик во Радио „Корча“, од самиот нејзин почеток во 1991 година.

Од 2005 до 2014 година, Фоте бил член на комитетот на малцинствата при владата на Република Албанија, застапувајќи го македонското малцинство. Бил автор на повеќе учебници на македонски јазик за македонските ученици во Албанија.

Фоте е автор и на книгата „Литературни творци од македонското малцинство во Албанија”, објавена на македонски и албански јазик. Тој исто така бил задолжен за издавањето на преобјавената верзија на речникот албански-македонски на Никола Беровски и пишуваше бројни статии за положбата, образованието, фолклорот и традициите на Македонците во Албанија.

Бил член на Централниот комитет на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и почесен советник на дипломатската мисија за мир и просперитет во Тирана. Фоте Никола дал голем придонес во унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Погребот на Фоте Никола ќе се одржи денес во 14:00 часот на градските гробишта во Корча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…