ПОЧНАА ДА ГИ ВОЗНЕМИРУВААТ И НАЈМЛАДИТЕ: Во сите основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку социјалните мрежи откри една многу неубава вест дека во сите основни училишта во Ѓорче Петров пристигнала дојава за бомба и дека децата се исплашени и се евакуираат.
,,Во сите општински основни училишта во Ѓорче Петров има пристигнато дојави за поставени бомби. Спроведени се протоколите за евакуација на учениците и цел образовен кадар. Сите во моментов се наоѓаат на безбедни локации.
Очекувам експресна реакција од надлежните служби за јавен ред и мир и безбедност и истовремено најостро го осудувам овој чин.
Апелирам што поскоро надлежните институции да преземат итни чекори.
Оваа појава мора веднаш да се искорени. И децата и родителите се вознемирени, а дојавите за бомби, за жал, ни станаа секојдневие”, вели Градоначалникот на Ѓорче Петров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ…
Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето…
Мотоциклист прегази 60-годишна жена во Дојран
Тешко е повредена 60-годишна жена откако во…
Иран: Повторно е погоден нуклеарниот објект Фордо
Подземниот нуклеарен објект на Иран, Фордо, повторно…
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт…
Задолжувања, инфлација, хаос: За првпат имаме полош…
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски –…