Тренчевска: Без грам чувство за семејствата, ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани во Собрание

t

Пратеничката на СДСМ остро реагираше за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание. Денешната седница на Комисија за труд и социјална политика беше прекината наместо да биде ставен на дневен ред Законот за настраданите од Кочани.

„Се покажа вистинското лице на ДПМНЕ! Не дозволија да се стави точката за настраданите во пожарот во Кочани како прва точка на дневен ред на Комисија наместо да биде точка под реден број 12! А не дозволија затоа што кога дојде на дневен ред расправата по точката за настраданите во пожарот во Кочани се прекина седницата од Благица Ласовска која претседаваше со Комисијата! Без грам чувство кон настраданите и нивните семејства Благица Ласовска, ЈА ПРЕКИНА СЕДНИЦАТА за да не се расправа по предлог законот! Безобразлук! Немање основна почит кон настраданите и нивните семејства! Ете вака ДПМНЕ се грижи за настраданите и нивните семејства! Со ова ароганција ДПМНЕ покажува дека тие се грижат само за себе и за своите бизниси а не за народот!“, стои во објавата на Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…