Почна процесот: Уставните измени денеска на Влада, следна недела во Собрание!

На денешната седница се очекува Владата конечно да ги усвои уставните амандмани подготвени од работната група при Министерството за правда. Висок владин функционер за „Слободен печат“ потврди дека уставните амандмани се на владината седница.
Доколку одлуката за уставните амандмани со кои Бугарите и други заедници ќе станат дел од Преамбулата, Владата утре ги испрати во Собранието, според собраниски извори, претседателот на Собранието Талат Џафери идната недела, најверојатно во понеделник на 24 јули ќе ја закаже уставната комисија.
Ако амандманите утре влезат во Собрание, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот Џафери ќе ја закаже за 19 август, односно најмалку 30 дена откако материјалите за уставните амандмани влезат во собраниска процедура.
Комисиската расправа која ќе почне идната недела, според собранискиот Деловник, трае најмногу 10 работни дена. Засега е неизвесно дали пратениците за потребата за отворање на Уставот ќе расправаат 10 работни дена, со оглед на ставот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дека не ги поддржува уставните измени.
Во случај комисиската расправа да трае 10 дена, расправата за потребата од уставни измени може да трае до половината на август, бидејќи на 26 јули Собранието има активности за одбележување на скопскиот земјотрес, а на 2 август се прославува Денот на Републиката.
Предлогот за уставни измени конечно по два месеци е ставен на владина седница, откако работната група за уставните измени на 26 мај го усвои предлогот за промена на Уставот, според кој, освен бугарскиот, во Преамбулата на македонскиот Устав треба да влезат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Упатуваме апел до медиумите кои емитувале…
Владата на Република Македонија преку соопштение упати…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…