Почна процесот: Уставните измени денеска на Влада, следна недела во Собрание!

t

На денешната седница се очекува Владата конечно да ги усвои уставните амандмани подготвени од работната група при Министерството за правда. Висок владин функционер за „Слободен печат“ потврди дека уставните амандмани се на владината седница.

Доколку одлуката за уставните амандмани со кои Бугарите и други заедници ќе станат дел од Преамбулата, Владата утре ги  испрати во Собранието, според собраниски извори, претседателот на Собранието Талат Џафери идната недела, најверојатно во понеделник на 24 јули ќе ја закаже уставната комисија.

Ако амандманите утре влезат во Собрание, пленарната седница за потребата од отворање на Уставот Џафери ќе ја закаже за 19 август, односно најмалку 30 дена откако материјалите за уставните амандмани влезат во собраниска процедура.

Комисиската расправа која ќе почне идната недела, според собранискиот Деловник, трае најмногу 10 работни дена. Засега е неизвесно дали пратениците за потребата за отворање на Уставот ќе расправаат 10 работни дена, со оглед на ставот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дека не ги поддржува уставните измени.

Во случај комисиската расправа да трае 10 дена, расправата за потребата од уставни измени може да трае до половината на август, бидејќи на 26 јули Собранието има активности за одбележување на скопскиот земјотрес, а на 2 август се прославува Денот на Републиката.

Предлогот за уставни измени конечно по два месеци е ставен на владина седница, откако работната група за уставните измени на 26 мај  го усвои предлогот за промена на Уставот, според кој, освен бугарскиот, во Преамбулата на македонскиот Устав треба да влезат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…

Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…

Владата донесе Одлуката со која се менуваат…