Почна седницата на Советот за безбедност

t

Во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски почна состанокот на Советот за безбедност, на кој ќе се разгледува предлогот на француското претседателство за почеток на пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија.

На состанокот присуствува и претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани…

Новата советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Нуршен…

Советот на Општина Кочани едногласно одлучи да…

Советот на Општина Кочани на денешната редовна…

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…