Почнуваат подготовките за заеднички набавки на гас од ЕУ, може да учествува и Македонија
Европската комисија денеска почнува со регистрација на потребите за гас како подготовка за заеднички набавки на гас на ниво на ЕУ, пренесе Бета.
Во тој процес, европските компании ќе можат да ги регистрираат своите потреби за набавка на гас преку механизмот AgeregateEU, а целта е да се подготви ЕУ за следната зима со навремено полнење на складиштата за гас.
Тоа е отворено за компаниите кои трошат гас и оние кои тргуваат со овој извор на енергија од членки на ЕУ и земји од Енергетската заедница – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грузија, Косово, Црна Гора, Македонија, Молдавија и Украина, соопшти Европската комисија.
Заедничкото купување, исто така, треба да донесе повеќе потпора во преговорите за цените со меѓународните добавувачи.
Компаниите што се пријавиле имаат рок од една недела, до 2 мај, да се јават на првиот повик. Откако ќе ги достават барањата, бараните количини ќе се соберат во еден агрегат за тендер на светскиот пазар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче до Мицкоски: Ветивте промени во Преговарачката…
На денешната седница на пратенички прашања, претседателот…
Брисел уште еднаш потврди: Изразивме загриженост за…
Европската комисија контактирала со Министерството за образование…
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…
Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…
Не знам дали Северна Македонија навистина сака…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…