Почнува економскиот колапс?! – Прекинува со работа еден од најголемите индустриски капацитети во Македонија, сите вработени одат на принуден одмор

t

Дали започнува економскиот колапс во Македонија? Ова е логично прашање кое следува откако еден од најголемите индустриски капацитети во Македонија Еуроникел индустри ДОО Кавадарци става клуч на своите производствени погони.

Еуроникел е трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги кое има децениска историја на успешна работа и со години е помеѓу 200-те најуспешни компании во државата.

Годинава поради економската, но и енергетската криза, компанијата е принудена да прекине со работа и да ги испрати сите вработени на принуден одмор.

Во соопштението испратено до вработените се вели дека лошата енергетска состојба кулминирала во претходните неколку месеци при што електричната енергија која е еден од најважните фактори во производствениот процес во фабриката се купувала по цена од 600, 700 па и до 1000 евра за мегават час што придонело раководството на компанијата да бара нови решенија.

Иако во изминатите два месеци се спровел ремонт на целокупната опрема и немало производство со надеж дека ќе се подобри состојбата со цената на струјата овој септември, ситуацијата доополнително се влошила.

Од раководството на компанијата се приморани да ги испратат сите вработени на платен принуден одмор кој ќе се имплементира во пракса веќе од наредната недела.

Приватните компании електричната енергија ја набавуваат на слободниот пазар за разлика од граѓаните кои цената на струјата која ја плаќаат е субвенционирана.

Цените на струјата на слободниот пазар во изминатите неколку месеци достигнаа вредности и од 1000 евра за мегават час, а во наредните месеци се очекува цената на струја дополнително да расте.

За жал веројатно ова е само првата од многуте компании во Македонија кои со години успешно работеле, а сега поради енергетската криза ќе бидат приморани да стават клуч на врата.

Koмпанијата Еуроникел како и целиот бизнис сектор спасот од кризата ќе го бара во помош од државата.

Пред малку заврши советот за безбедност на кој присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, заедно со претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски.

– Денес на Советот за безбедност разговаравме за енергетската криза и мерките и начините за справување со последиците од истата. Овие разговори не се нималку лесни, но сепак можам да констатирам дека имавме продуктивен, добар и успешен состанок. Оваа горлива тема е во фокус веќе подолго време, кризата трае одамна и од последниот квартал минатата година и ние како Влада, како држава преку антикризните мерки ефикасно се справуваме со неа и овозможивме ценовните шокови да се ублажат и за граѓаните и за стопанството. Но во моментов ситуацијата на светско ниво е алармантна, цените на берзите се превисоки, постои реален проблем со недостаток на електрична енергија во Европа. Повеќепати спомнувам, ова ќе е најтешката зима во поновата светска историја, изјави Ковачевски.

На дневен ред на седницата на Советот за безбедност единствена тема беше токму енергетската криза во Македонија, како и мерки за нејзино надминување.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на седницата присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

На 25.08.2022 година Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор и кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје.

Со прогласување на кризна состојба се отвара можноста за дистрибуција на средства кон државната ЕСМ за набавка на јаглен, мазут и гас и непречено производство на струја во периодот кој претстои. Експертите сметаат дека тоа не е доволно, потребни се низа други мерки насои за спас на стопанството и економијата а првенствено олеснување на процесот за набавка и поставување на фотоволтаици кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок предизвикан од цената на струјата на светскиот пазар. Бизнис заедницата бара конкретни чекори од Владата бидејќи се заканува клуч на врата во мноегу претпријатија. Цената на струјата на слободниот пазар се очекува да ја надмине бариерата од илјада евра за мегават час

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари: Го осудувам апсењето на Салиу и…

Го осудувам апсењето на новинарот Фуркан Салиу.Според…

(Фото) Брза помош пристигна во ПС Гази…

Брза помош пристигна во ПС Гази Баба…

Османи бара итно ослободување на новинарот Салиу:…

Министерот за надворешни работи на РМ и…

Приведени државјани на Мароко: Барале азил во…

На 06.04.2024 во 10:40 часот во близина…

Портларолот и претседателот на градска на ДПМНЕ…

Портпаролот на ДПМНЕ, Димче Арсовски ликува на…