Поштата во Скопје веќе нема да биде Пошта – еве што ќе се случи со објектот

t

Зградата на Централната пошта во Скопје ќе биде реновирана и ќе има намена за мултифункционален комплекс кој ќе биде подготвен и за потребите на Скопје – Европска престолнина на културата 2028, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Зградата на Централната пошта во Скопје во 2021 се најде на листата 7 најзагрозени споменици во Европа за таа година. Листата на најзагрозени споменици ја составуваат Европа Ностра и Европската инвестициска банка. Уште тогаш тие објавија дека секој од загрозените споменици на листата ќе добие по 10.000 евра грант за активност која ќе придонесе за зачувување.

„Ние веќе разговаравме со претходниот евроамбасадор Дејвид Гир , 7-8 години имало тенденција Министерството за култура да ја преземе и тоа да стане некаков друг комплекс и да има друга намена. Потоа разговаравме и со министерот за транспорт и врски Александар Николоски и донесовме одлука на Влада дека ќе биде реновирана. Формирана е работната група и треба да почне да работи. Сочинета е претставници од европските комисии и од Министерството за транспорт и врски и Министерството за култура“, одговори Љутков на новинарско прашање по посетата на Националната опера и балет (НОБ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го…

Бугарија денеска ги повика своите граѓани веднаш…

Поштата во Скопје веќе нема да биде…

Зградата на Централната пошта во Скопје ќе…

Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во…

Формирана е комисија која што ќе ја…

Ахмети му одговори на Мицкоски за ветингот:…

„Да го пробаме хуморот да видиме како…

Бројката на болни деца расте, клиниката „Козле“…

Со наглата промена на времето бројката на…