Бројката на болни деца расте, клиниката „Козле“ забрзано се полни
Со наглата промена на времето бројката на болни дечиња расте. Дневно колку 150 деца бараат лекарска помош во амбулантите во „Козле“, додека 60-тина деца веќе се хоспитализирани пренесува МТВ. Таргет група-учениците од 6 до 12 години.
„Тоа се тие микоплазми, легионели, кламидии коишто во овој период ги има кај нас во поголема бројка или се со белодробни наоди. Таа клиничка слика на почеток делува како една обична настинка, наликува на грип, може да биде со фебрилност со болки во грлото, да го засегне горнореспираторниот тракт, па потоа и долнореспираторниот, што значи дека доаѓаат веќе во една поодмината фаза“, вели д-р Мирјана Поповска.
Учениците се најбројни, но и помалите имаат потреба од лекарска помош, па и хоспитализација, поради дехидрираност.
„Ентеровирозите, односно стомачните вируси се сè уште присутни, ги имаме во поголем број, а најчесто засегнати се дечињата до една година бидејќи кај нив брзо настапува дехидратацијата и тоа побарува хоспитален третман“, додава д-р Поповска.
На почеток од есента капацитетот во болницата е две третини пополнет. Докторката Поповска вели и порано било вака и оти нема простор за паника, стартот на училишната година и враќањето на малите во градинка си го направи своето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…