По вандализмот во ООУ „Ванчо Прќе“: Штип ќе поставува алармни системи и 190 безбедносни камери
По неодамнешниот вандалски упад во најголемото штипско основно училиште, ООУ „Ванчо Прќе“, градоначалникот Иван Јорданов најави нови мерки за зголемување на безбедноста во образовните институции и на јавните површини во градот.
Во училиштето беа оштетени смарт-табли, компјутери и опрема за видео надзор, а сторителите се обиделе и да поплават еден од катовите. По инцидентот, Јорданов истакна дека покрај постојниот видео надзор, во сите училишта ќе бидат поставени и алармни системи.
– Видео надзор има во сите образовни институции, но потребни се и дополнителни механизми за побрзо откривање и лоцирање на проблемите. Алармните системи ќе овозможат навремена реакција и ќе помогнат да се спречат вакви девијантни појави во иднина, изјави Јорданов.
Тој најави и поставување на околу 190 безбедносни камери низ Штип. Камерите ќе бидат поставени пред институции, училишта и градинки, во паркови и на повеќе локации во централното градско подрачје.
– Планираме поставување камери на јавни површини и на пристапите до институциите, со цел полесно идентификување на сторителите и нивно санкционирање, посочи градоначалникот.
Покрај техничките мерки, локалната власт најавува и едукативни активности за подигнување на свеста кај младите. Во наредниот период ќе се организираат работилници и обуки со ученици, родители и наставници, во кои ќе бидат вклучени психолози и педагози. Фокусот ќе биде ставен на последиците од девијантното однесување и неговото влијание врз младите.
Штетите во училиштето во меѓувреме се санирани, а според информациите, ова е прв ваков случај на упад и вандализам во штипско училиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По вандализмот во ООУ „Ванчо Прќе“: Штип…
По неодамнешниот вандалски упад во најголемото штипско…
(Видео) Вандализирано штипското училиште „Ванчо Прќе“, наставата…
Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е…
Родителите побараа одговорност од полицијата и од…
Комеморативен марш посветен на жртвите од пожарот…
„Марш за ангелите” во сабота во Штип
За првпат во Штип, на 18 април,…
Во сообраќајка во Штип тешко повреден е…
МВР информира дека вчера претпладне околу 10:20…