„Марш за ангелите” во сабота во Штип

t

За првпат во Штип, на 18 април, во сабота, ќе се одржи „Марш за ангелите“, 41-ви по ред, посветен на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“, најавија од здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Според најавата, маршот ќе започне во 16:05 часот од плоштадот „Слобода“ во Штип, каде граѓаните ќе имаат можност да оддадат почит и да испратат порака за правда.

-За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип. Во знак на почит кон нашите 63 ангели, кон повредените и кон сите семејства што повеќе од една година ја носат најтешката болка, ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш за ангелите – соопштија денеска од здружението „16 Март 2025 Кочани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на штипската болница: Ако се докаже…

*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…

Девојка остана во инвалидска количка по царски…

По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…

Неколку милиони денари ќе чини покривот на…

Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…

Истрага за полов напад врз малолетно девојче…

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…

Автомобил се преврте во двор на куќа…

Возило во кое се превезувале возач и…