„ПО ДЕЦЕНИИ ВЛЕГОВМЕ ВО СРЦЕТО НА ГАЗА“ Израелските сили велат дека убиле шеф за оружје на Хамас
За првпат по децении ИДФ се борат во срцето на градот Газа, изјави израелскиот генерал-мајор Јарон Финкелман за најновата ситуација во војната.
– Секој ден и секој час силите убиваат милитанти, изложуваат тунели и уништуваат оружје и продолжуваат понатаму кон непријателските центри – рече генерал-мајор Финкелман.
Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт сугерираше дека израелските сили би можеле да вршат рации внатре во градот.
СкајЊуз пишува дека нема индикации дека израелските сили масовно се преселиле во градот, но дека жителите на Газа велат дека тенковите биле позиционирани на периферијата од „урбаното срце“ на градот.
Истовремено, военото крило на Хамас соопшти дека неговите борци нанесуваат големи загуби и штета на напредните израелски сили.
Повеќе од 10.500 луѓе загинаа во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, соопшти Министерството за здравство предводено од Хамас.
Израелските одбранбени сили ИДФ штотуку соопштија дека убиле висок развивач на оружје на Хамас, „шефот за стратешко оружје и ракети“ по име Мохсен Абу Зина. Извештајот на ИДФ не е независно потврден.
ИДФ исто така јавија дека го продолжуваат отворањето на коридорот за жителите на Газа на северот на енклавата за да се премести на југ за дополнителен час поради побарувачката на населението.
Коридорот беше планирано да се затвори во 14 часот, но сега ќе остане отворен до 3, напиша портпаролот Авичај Адраи во твит на арапски јазик.
Тој вели дека овој потег е „реакција на „одговор на луѓето од Газа на повикот на Израел да го користат коридорот за бегство од север, каде борбите се најтешки“.
Снимката од Палестинци кои бегаат на југ веејќи бели знамиња вчера ги обиколи светските медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…