Објавено на:

По нападот во Москва, Франција го покрена степенот на тревога од тероризам на највисоко ниво

t

Француската влада го покрена нивото на тревога од тероризам на највисоко ниво по пукањето во Москва, изјави синоќа премиерот Габриел Атал по состанокот на највисоките безбедносни и одбранбени претставници со претседателот Емануел Макрон.

Атал во објава на Х порача дека одлуката, која доаѓа неколку месеци пред Париз да биде домаќин на Олимпијадата, е донесена „во светло на преземањето на одговорноста на Исламската држава за нападот во Москва и заканите што ја притискаат нашата земја“.

Франција има три нивоа на тревога од тероризам, при што највисокото ниво се активира пред напад во Франција или во странство кога заканата од напад е неизбежна.

Ова овозможува воведување на вонредни безбедносни мерки како што се зголемени патроли на вооружените сили на јавни места како што се железнички станици, аеродроми и верски објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова драма во Франција: Евакуирана железничка станица

Железничката станица Сен-Шарл во Марсеј беше евакуирана…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

Директорот на Федералната служба за финансиско следење…

Терористичкиот напад на „Crocus City Hall“ во…

Левичарите во Франција го обвинија Макрон за…

Победниците на изборите од француската левичарска коалиција…

Индискиот премиер пристигна во посета на Москва

Премиерот на Индија Нарендра Моди пристигна во…