Објавено на:

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална работа ќе добијат обезбедување

t

За еден месец, 37 Центри за социјална работа ќе добијат обезбедување од лиценцирана компанија. Јавната набавка, која неодамна ја објави Министерството за социјална политика, завршува оваа недела и се бараат вкупно 60 чувари, соопшти заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

Оваа потреба произлезе откако пред еден и пол месец, во Центарот за социјална работа Прилеп, една вработена се здоби со повреди од огнено оружје од корисник на услугите, од кого и претходно добивала закани. Директорот на Центарот, Зоран Малковски, изјави дека ќе се чувствуваат побезбедно кога на рецепција ќе има некој што ќе ги проверува странките што влегуваат во објектот.

Инаку, вооружениот напад во Центарот за социјална работа Прилеп се случи на 23 март. Во инцидентот беше полесно повредена 36-годишната социјална работничка М. Ѓ., која беше застрелана од 50-годишниот А. Ј. кој, , бил незадоволен од претходните мерки преземени од Центарот во врска со неговиот бракоразводен процес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претепано дете во скопски Центар, претходно два…

„Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје,…

(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…

На старите градски гробишта во Прилеп не…

Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…

Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…

Скопјанец пронајден починат во домот во Центар

Вчера попладне, 66-годишен жител на Скопје бил…

По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…

За еден месец, 37 Центри за социјална…