По пресот на СДСМ, Кадиевска Војновиќ експресно тргната од Управниот одбор на банката, велат од партијата

t

Прес конференција на Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ:

Почитувани граѓани,

Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави за сомнителните зделки за преземање на Стопанска Банка АД Битола од страна на Алта Банка.

Откривме дека банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски. Побаравме Финансиското разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање. И побаравме да се испитаат потеклото на парите и ризикот од перење пари.

Досега нема никаква реакција на ниту една надлежна институција. Молк.

Дали причината за ова е што овие трансакции се нераскинливо поврзани со финансиско-политичката мрежа на структурите на Мицкоски и ДПМНЕ?

Денеска откриваме уште еден доказ.

Уште една директна поврзаност со ДПМНЕ која се обиделе да ја заташкаат.

Внимавајте. До пред три дена член на Управниот одбор на банката од Битола била Маја Кадиевска Војновиќ.

Поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски.

Само 5 дена по прес конференцијата на СДСМ, од банката соопштуваат дека одлуката за нејзино именување е ставена вон сила.

Прес конференцијата на АКТ беше на 12 декември а Кадиевска е сменета на 17 ти декември.

Дали ова не е класичен обид да се сокријат врските и трагите кои водат до ДПМНЕ и Мицкоски?

Не врски, тие ја воделе банката очигледно!

Разоткриени се!

Кој сега може да гјадемантира поврзаноста на ДПМНЕ со Алта банка?

Досега на ДПМНЕ требаше да им биде јасно дека вистината не може да се сокрие.

Исто како што не можат да се сокријат бројните скандали во соседна Србија кои се поврзуваат со сопственикот на Алта Банка, Давор Мацура и СНС на Вучиќ.

САД најавуваат посебен Закон за санкции во Србија, меѓу другото и заради корупција.

Ќе чекаат ли македонските институции некој од надвор да реагира или ќе преземат нешто?

Ги посетуваме, реагирајте, постапувајте. Времето поминува, доаѓа одговорност.

Секој што прекршил закон ќе одговара!

АКТ продолжува со работа.

Нашата работа преку Истражувачкиот центар платформата МИЦКО е препознаена од граѓаните.

Досега над 200 пријави имаме на дигиталната платформа, заедно со граѓаните ја продолжуваме борбата против криминалот и корупцијата.

Работата не е завршена!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пресот на СДСМ, Кадиевска Војновиќ експресно…

Прес конференција на Петар Огњеновиќ, член на…

Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата,…

Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата…

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да…

Резолуцијата што ја изгласаа ДПМНЕ и ЗНАМ…

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа…

Ви се обраќам од Брисел, затоа што…

(Видео) СДСМ објави нова бомба: Фирма со…

На денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на…