(Видео) СДСМ објави нова бомба: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месеци
На денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, објави нови сомнителни милионски тендери, добиени од фирма со само тројца вработени.
„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и документи на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал, МИЦКО (https://micko.mk/). Само за еден ден добивме 47 различни пријави од целата земја, од Охрид, Штип и Скопје. Македонија се крена против корупцијата и криминалот“, истакна Кузеска.
Според објавените податоци, станува збор за фирмата Сигмоид Гроуп ДООЕЛ Скопје, основана пред само две години. За период од два месеци, фирмата добила тендери од Генералниот секретаријат на Владата на Христијан Мицкоски и од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), во вкупен износ од 74 милиони денари или околу 1,2 милиони евра.
Првиот договор е склучен на 13 октомври 2025 година со Министерството за финансии, вреден околу 60.000 евра. Два дена подоцна, на 15 октомври, следи нов договор со Генералниот секретаријат на Владата, вреден речиси 980.000 евра. На 1 декември 2025 година, фирмата добива уште еден тендер за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76.000 евра.
АКТ потенцира дека ваквите случаи отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни шеми, слични на претходно објавените „бомби“.
„Дали причина за овие милионски тендери е близината на сопственикот на фирмата, Ј. Јанкуловски, со премиерот Мицкоски? Сопственикот дипломирал на Машински факултет, на насоката мехатроника и роботика, каде што Мицкоски е професор. Ова ќе го истражуваме понатаму“, изјави Кузеска.
АКТ најави дека истрагата продолжува и дека ќе ги документира и објавува сите информации поврзани со корупција и криминал во тендерите на власта.
„Работата не е завршена. Сите пријави, документи и докази ќе бидат анализирани, а јавноста ќе биде информирана за секој можен случај“, посочи Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…