Објавено на:

По Тамара и Васил и Андреа ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје

t

Поп пејачката Андреа Коевска, којашто годинава ја претстави Македонија на Евровизија во Торино, ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје, која ќе се одржи на 25-ти јуни. Настанот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена-борец“, а во 19 часот ќе започне протестниот марш до Градскиот парк,по што ќе продолжи со културно-забавна програма на стадионот на АРМ.

Покрај настапот на Андреа, најавено е гостување и на повеќе диџеји од земјава, но и од Србија и Америка. Коевска не е единствената македонска претставничка која настапува на Парадата на гордоста во Скопје. Во 2019 година, по враќањето од Евросонг, и Тамара Тодевска облечена во боите на виножитото пееше на настанот под мотото „Љубов е љубов“.

Лани пак, настап имаше Васил Гарванлиев, а настанот беше под мотото „Вон ѕидовите“. Истата година тој пееше и на ЛГБТ парадата во Бугарија. Годинава мотото на настанот е „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“. Инаку, по скандалот со фрлањето на македонското знаме на земја во Торино, за што се извини, Андреа се нема појавено во јавност.

Тогаш од МРТ најавија санкции за делегацијата, но што конкретно се одлучило и дали некој е санкциониран, се уште нема официјална објава од јавниот сервис.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По две години пауза: Матурска парада точно…

По двегодишна пауза заради пандемијата со корона…

(Видео) Моќно: Повеќе од 10.000 руки војници…

На плоштадот Палас во Санкт Петербург се…

(Видео) Започна пешачката проба на дел од…

Започна пешачката проба на Парадата на победата…

(Видео) „За крст, за крст!“: Воена парада…

За време на парадата, посебна музичка нумера…