По две години пауза: Матурска парада точно напладне во петок

t

По двегодишна пауза заради пандемијата со корона вирус Ковид-19, овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 20.05.2022 година, точно напладне, во 12:00 часот. Во Скопје „Матурската парада“ ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“.

Во Скопје годинава ќе учествуваат следните средни училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“, СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Организатор и носител на заштитена марка за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје, која во Скопје манифестацијата ја реализира во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“.

Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје, а поддржувачи се делегација на Европската Унија, Универзитетот за туризам и менаџмент, МДН Обезбедување.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на “Матурската парада” во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По две години пауза: Матурска парада точно…

По двегодишна пауза заради пандемијата со корона…

(Видео) Моќно: Повеќе од 10.000 руки војници…

На плоштадот Палас во Санкт Петербург се…

(Видео) Започна пешачката проба на дел од…

Започна пешачката проба на Парадата на победата…

(Видео) „За крст, за крст!“: Воена парада…

За време на парадата, посебна музичка нумера…