По УКИМ и синдикатот на УКЛО-Битола бара повисоки плати за универзитетските професори

t

Синдикалната организација при УКЛО-Битола на прес-конференција побара повисоки плати, создавање можности за вработување на нов кадар и пополнување на испразнети места врз основа на пензионирање.

Според проф. д-р Саша Дуковски, претседател на Иницијативниот одбор за синдикално организирање на сите вработени на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во сите универзитетски еиници има недостиг ка кадар, додека пак според д-р Наташа Петрова Поповска, во ненаставниот кадар од 12 единици, осум функционираат без секретар правник кој ја организира работата внатре во единицата.

-Ја поддрживме целосно иницијативата на Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и нивните разговори со Владата каде покрај подобрувањето на материјално-техничката состојба треба да дојде до зголемување на платите на сите вработени во следниот период линеарно со 25 проценти годишно. Во следните четири години треба да биде покачена за 100 проценти, истакна Дуковски.

Ова е прв обид за создавање на репрезентаривен синдикат од сите вработени на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело од судии и професори на чело…

Со цел надминување на слабостите наведени во…

85.000 вработени во државната администрација во септември…

Министерството за финансии соопшти дека е постигнат…

Ковачевски се пишмани: Никој не ги намалува…

Работниците и синдикатите да бидат мирни, никој…

По УКИМ и синдикатот на УКЛО-Битола бара…

Синдикалната организација при УКЛО-Битола на прес-конференција побара…

Синдикатот на УКИМ бара за 4 години…

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“…