Објавено на:

По четири и пол години, една држава го призна Косово

t

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти дека Кенија го признала Косово како независна и суверена држава, со одлука која ја потпишал претседателот Вилијам Руто.

„Република Косово ја поздравува одлуката на Република Кенија да го признае Косово како независна и суверена држава, преку одлуката која ја потпиша претседателот Руто и која официјално е испратена пред неколку дена“, напиша Османи на „Фејсбук“.

Таа во име на институциите и граѓаните на Косово му изрази благодарност на претседателот на Кенија Вилијам Руто на „праведната и важна одлука, како и на кениските институции и граѓаните кои го поддржаа овој дипломатски чекор“.

Османи оцени дека Косово „продолжува да напредува на патот на интеграцијата и јакнењето на својата меѓународна позиција“.

Кенија е првата држава што го признава Косово по четири и пол години. Последна земја што го стори тоа беше Израел во септември 2020 година. Досега независноста на Косово ја признаа 118 земји од вкупно 193 членки на Обединетите нации.

Потегот на африканската држава наиде на силна осуда од Србија.

„Министерство за надворешни работи во Белград остро го осудува признавањето на Кенија на едностраното прогласување независност на Косово. Оваа одлука претставува очигледно кршење на меѓународното право и ги поткопува напорите насочени кон конструктивен дијалог и регионална стабилност“, реагираше српското министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По четири и пол години, една држава…

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…

Белгија планира да испрати затвореници во Косово

Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…

Населението на Косово забрзано старее

Според податоците на Агенцијата за статистика на…