По четири и пол години, една држава го призна Косово
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти дека Кенија го признала Косово како независна и суверена држава, со одлука која ја потпишал претседателот Вилијам Руто.
„Република Косово ја поздравува одлуката на Република Кенија да го признае Косово како независна и суверена држава, преку одлуката која ја потпиша претседателот Руто и која официјално е испратена пред неколку дена“, напиша Османи на „Фејсбук“.
Таа во име на институциите и граѓаните на Косово му изрази благодарност на претседателот на Кенија Вилијам Руто на „праведната и важна одлука, како и на кениските институции и граѓаните кои го поддржаа овој дипломатски чекор“.
Османи оцени дека Косово „продолжува да напредува на патот на интеграцијата и јакнењето на својата меѓународна позиција“.
Кенија е првата држава што го признава Косово по четири и пол години. Последна земја што го стори тоа беше Израел во септември 2020 година. Досега независноста на Косово ја признаа 118 земји од вкупно 193 членки на Обединетите нации.
Потегот на африканската држава наиде на силна осуда од Србија.
„Министерство за надворешни работи во Белград остро го осудува признавањето на Кенија на едностраното прогласување независност на Косово. Оваа одлука претставува очигледно кршење на меѓународното право и ги поткопува напорите насочени кон конструктивен дијалог и регионална стабилност“, реагираше српското министерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Жител на шарпланинско село во Косово е…
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…
(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…
Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…
Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…
Косовски државјанин е лишен од слобода откако…