По 40 години, рехабилитиран патот Битола-Меџитлија

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на рехабилитираниот регионален пат  Битола-Меџитлија, чија што рехабилитација заврши и патот е пуштен во употреба.

Оваа инвестицијата за рехабилитација на овој патен правец во должина од 12,5 километри е во вредност од 3,28 милиони евра, а овој патен правец кој децении наназад бил запоставен, а сега рехабилитиран, е од исклучително значење, особено што се работи за дел од европскиот Коридор 10-д, кој нè поврзува со нашиот јужен сосед.

„На целиот Коридор се работи навистина интензивно и тоа на сите делници што на крајот ќе резултира со модерен патен правец од Коридорот 10, поврзување со Коридорот 10-д преку Прилеп, Битола, до границата со Грција. Со тоа целиот овој регион добива нов инфраструктурен лик“ изјави премиерот Ковачевски, во Битола потенцирајќи дека резултатите на Владата се видливи.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, се реализираат повеќе проекти во делот на инфраструктурата во Пелагонискиот регион.

„Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта го бележи најголемиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната мрежа низ целата држава. Ова особено се случува во Пелагонискиот регион, каде започнавме со реализација на најкрупните инфраструктурни проекти во независна Македонија. Пелагонискиот регион е мошне значаен за развој на нашата земја и затоа токму овде вложуваме сериозни финансиски средства и сме силно посветени во модернизацијата на патната инфраструктура. Сите проекти во регионот се одвиваат со добра динамика со што во еден континуиран процес ќе ја заокружиме целата патна врска од главниот автопат на Коридор 10, па се до граничниот премин Меџитлија“ потенцираше министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми рече дека е завршена рехабилитација на државниот пат А3, делница Битола-Меџитлија и се рехабилитирани 12,7 километри со средства обезбедени од ЕБОР во висина од 3,27 милиони евра.

„Ширината на оваа патна делница е променлива и се движи од 6 до 6,5 метри. Требаше да поминат 40 години за патниот правец Битола – Меџитлија да биде за прв пат рехабилитиран. Овој патен правец кој води до граничниот премин Меџитлија и кој е главна артерија за проток на сообраќај помеѓу двете соседни земји беше во исклучително лоша состојба. Факт е дека ако сакаме добра економска соработка треба да понудиме и добра патна поврзаност-рече Рустеми.

Инаку, за идната година се обезбедуваат средства за изградбата и на нов експресен пат Битола-Меџитлија со обиколница околу Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 40 години, рехабилитиран патот Битола-Меџитлија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски,…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…