,,ПРАВДАТА” ЌЕ ЈА БАРАЛЕ НА СУД: Клубот „Ванчо Михајлов“ нема да го смени името, вели претседателот на клубот

t

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ нема да го смени името, тврди претседателот на центарот Љупчо Георгиевски во интервју за „Бг он еир“ во врска со законот донесен во македонскиот Парламент за затворање на здруженијата и клубовите кои нема да ги сменат спорните имиња.

„Ако не избришат од Централниот регистар ќе си ги барам правата на суд. А ако судот во РМ не ни ги даде правата, ќе ги барам во Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, вели Георгиевски.

Притоа се потсетува на случајот со здружението „Радко“ ( Радко е псевдонимот на Иван Михајлов) кое во Македонија беше забрането во 2001 година а Судот во Стразбур одлучи дека името на здружението не е закана за јавниот ред.

Во врска со средбата на министерот Бујар Османи со претставници на македонските Бугари, Георгиевски рече дека оваа прва средба е само еден чекор напред.

– На средбата му кажавме дека ние не сме надворешен проблем на РМ, ние воопшто не сме проблем, туку сме решението за Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Властите досега не разговараа со нас. Ние сме спремни да разговараме со сите кои сакаат средба со нас и очекуваме да не внесат во Уставот. РМ треба да го почитува францускиот предлог со кој што се согласи, исто како и Договорот со Бугарија, изјави Георгиевски.

Тој додава дцека откако во декември бил повикан на распит во обвинителството, сега има уште една кривична постапка, иницирана од Комисијата за заштита од дискриминација за тоа што не е сменета таблата “Културен клуб Ванчо  Михајлов“.

– По враќањето од Брисел и средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји има нова постапка против мене, овојпат за ширење говор на омраза против луѓе кои имале македонско национално чувство. Значи, тие не запираат, туку продолжуваат со обвиненијата против нас. Од една страна министерот Османи не кани на средба за да се намали тензијата и да ги решаваме проблемите, а од друга страна се продолжува со обвиненијата кои утре може да се реализираат со глоба од 15.000 евра, а говорот на омраза може да доведе и до затвор. Ние, македонските Бугари не знаеме како ќе се намали тензијата која ние ја чувствуваме на наша кожа, зашто живееме тука и се плашиме за нашата безбедност, вели Георгиевски.

Тој уште додава дека има здружение „Дело“ во кое има и адвокати кои поднеле 20 жалби за говор на омраза против нив, Бугарите во РМ, но на тие 20 жалби немало ниту еден одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…

МВР информира дека синоќа околу 21 часот…

Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…

Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…