Правда дала негативно мислење за помилувањето уште за време на мандатот на Кренар Лога!
Министерството за правда дало негативно мислење за барањето за помилување на Акиф Равмановски, кој најпрво беше помилуван од страна на претседателката Сиљановска Давкова, а денеска беше пвторно приведен поради пукање во Чаир, потврди за Инфомакс министерот за правда, Игор Филков.
Денеска со реакција во јавноста тој откри дека мислењето од Министерството за правда било испратено уште во предизборниот период и со оглед на овој факт, Филков обвинува за злоупотреба на процесот на помилување за политичка битка.
Тоа значи дека мислењето од правда било испратено уште додека министер бил, Кренар Лога, кој сега е во опозициската ДУИ.
Сепак мислењето кое било испратено било негативно, без оглед што било испратено во негово време, а правда генерално давала негативно мислење за помилување на затворениците.
– Целата постапка во МП се водела,како што посочив во соопштението,во предизборниот период кога јас не сум бил министер, вели Филков за Инфомакс.
Акиф Равмановски беше еден од помилуваните затвореници, заедно со братот на Шенки Версаче и првообвинетиот во аферата Шпион.
Денеска Рамвановски бешеповторно приведен од страна на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…
Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…
Судски совет: Министерот Лога е должен да…
„Министерот Лога е должен да го почитува…
Лога со допис бара од Судски совет…
Министерот за правда Кренар Лога со писмен…
Лога: Олигарси ги контролираат обвинителите и судиите
Министерот за правда Кренар Лога вечерва во…
Ќе се регулира распределбата на предмети во…
Министерството за правда најави дека ќе се…