Правниот тим на Боки 13 бара термин за сослушување и доставување докази за “Бумеранг” во Обвинителството

t

Правниот тим на осуденото лице Бојан Јовановски вчера поднесе барање за определување на термини за доставување на докази и сослушување на подносителот  Јовановски пред надлежниот обвинител по оформениот предмет од јавниот обвинител Ислам Абази во Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Поради итноста, но  истовремено и поради целисходноста и ефикасноста на започнатата кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг“ ја информираме јавноста дека од наша страна за почеток на овој процес ќе бидат побарани однапред определени и утврдени повеќе термини со оглед на обемноста на доказниот материјал. Квалитативната обработка на материјалот, доказите ќе се врши исклучиво во присуство на подносителот Бојан Јовановски и на неговите полномошници, адвокати, соопштуваат полномошниците на подносителот Бојан Јовановски , м-р. Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје.

Тие, во денешното соопштение укажуваат на добиени закани, уцени и заплашувања од страна на „центри на моќ“ кои се обидувале да го попречат започнатиот процес под кодно име „Бумеранг“.

-Поради чувствителноста, карактерот и сериозноста на отпочнатиот процес со кодно име „Бумеранг“ апелираме до јавноста дека истиот ќе се врши транспарентно во име на високиот степен на јавниот интерес. Гласно укажуваме до центрите на моќ кои веројатно се директно засегнати од овој процес да не вршат притисоци, да не упатуваат директни и индиректни закани и да престанат со незаконски дејствија на уценувања и заплашувања со цел да го спречат и попречат започнатиот процес „Бумеранг“, секако дека ваквите погоре опишани дејствија од центрите на моќ беа очекувани за нас, но недвојбено истакнуваме дека ништо од сето тоа нема да ја спречи реализацијата на кривично-правната операција „Бумеранг“ и дека во одреден момент доколку продолжи трендот на притисоци, закани, уцени, засегнатите страни ќе добијат соодветен одговор за нивните незаконити дејствија кои ИНТЕНЗИВНО И ЗАДКУЛИСНО се случуваат изминатите денови од кога е јавно објавено започнувањето на процесот , соопшти правниот тим на Бојан Јовановски.

Тие упатија и повик до меѓународниот фактор за да го следат со внимание отпочнатиот процес и во рамки на своите надлежности да дадат свој позитивен придонес кон реализација на процесот, „во име на императивната заложба за владеење на правото и во име на фактот што во изминатите години токму од меѓународната заедница се вложени големи финансиски средства во државата и правосудните институции за подобрување и прогрес на правото и правната држава“, нагласуваат од правниот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 со ново писмо до Агелер:…

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска ѝ…

Правниот тим на Боки 13 бара термин…

Правниот тим на осуденото лице Бојан Јовановски…