Боки 13 со ново писмо до Агелер: Ми се закануваат заради “Бумеранг”, барам да ме посетите Вие лично или Ваш претставник!

t

Бојан Јовановски – Боки 13 денеска ѝ испрати уште едно писмо на американската амбасадорка Анџела Агелер во кое бара таа или нејзин претставник да го посети во затворот. Вели дека не се носи одлука за прекин на служењето на казната поради влошеното здравје, иако ја има сета потребна документација за тоа.

-Воедно во ова известување, ве информирам дека од моја страна како што веќе беше и најавено иницирана е кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје и во рамки на истото е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази, па во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ ИДРИЗОВО, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок, вели Јовановски во писмото.

Тој додава дека во нашата држава правото е заменето со неправото, криминалните девијантни појави од високите структури се покриени со наклонетоста и спрегата со правораздаваците кои што наместо да се борат со криминалот учествуваат во истиот и вистинските криминалци се на слобода и имаат активно учество во општата заедница која со нивното влијание и диктат ја прават несигурна заедница, каде системот е целосно девастиран и ставен во функција на поединци-моќници за остварување на нивни лични цели и интереси, а поединците како во овој случај, тој, се жртви на таквиот систем и осудени со нарачани незаконити судски пресуди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопругата на Апасиев за Каевски, Димевски и…

Циркус за народ, по шаблон, крупните риби…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Се проверуваат можни нерегуларности во Делчево, Македонска…

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ…

Лажно се претставувал како вработен во АНБ…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Предложен притвор за недозволено држење оружје и…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…