ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ СЛАВАТ: Вечерва среќна Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово

t

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лекар од пеколот“: Приведен 39-годишен доктор осомничен…

Полицијата во Берлин приведе 39-годишен лекар осомничен…

ЕДНИОТ ОД МАКЕДОНИЈА! Уапсени две лица во…

Двајца осомничени екстремисти се уапсени во Австрија,…

Халеви: Израел во состојба на готовност, ќе…

Израел е во состојба на висока готовност…

Трагедија: Приколка од товарно возило усмрти маж…

Шеесет и петгодишен жител на село Младо…

САД ја предупредија Турција на „последици“ доколку…

САД ја предупредиле Турција дека ќе има…