Пратеникот Мециновиќ за нападот врз Данела: Ова е аларм за безбедноста на сите граѓани, демократските принципи, а со тоа и легитимитетот на структурите на власт

t

Како скопски пратеник од Чаир и поранешен советник во Советот на Град Скопје, во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска – најостро го осудувам денешниот напад врз неа, советничката и службениците од градската администрација.

За нас, како опозиција, ова е аларм за безбедноста на сите граѓани, демократските принципи, а со тоа и легитимитетот на структурите на власт. Властa дозволува политичко насилство врз избрани политички чинители, охрабрувајќи беззаконие и неказнивост.

МВР и Владата им дозволуваат на криминални структури да дејствуваат незаконски и да вршат насилство, што претставува директен удар врз владеењето на правото и еднаквоста на луѓето пред законите. Година дена се овозможуваат репресивни и автократски методи на владеење, за теснопартиските интереси на ВРЕДИ, ЗНАМ и ДПМНЕ – додека цели четири години Скопје е под заложништво на желбата за кочење и уништување на работата на градот на раководството на ДПМНЕ и неговите советници.

Чаир е небезбеден, Скопје и Македонија се небезбедни! Властите немаат за цел да ги штитат луѓето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Мециновиќ за нападот врз Данела: Ова…

Како скопски пратеник од Чаир и поранешен…

Доста е! Млада докторка ја потресе Македонија…

Доста е! Се навршуваат 2 години откако…

Прегазена 89-годишна жена на паркинг во Скопје

Осумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…

Советот на Карпош апелира до Владата да…

Со целосна поддршка на советниците од СДСМ,…

Непостапувањето на МВР и Тошковски заради мир…

АФЖ Левица најостро го осудува бруталниот напад…