Прегазена 89-годишна жена на паркинг во Скопје
Осумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена откако вo нејзе удрил автомобил на паркинг во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера е пријавено дека на паркинг на ул.„Анри Барбис“ во Скопје патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Скопје, удрило во пешакот Ц.В.(89) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.В., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…