Пратеник од СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ од денес влезе во процес за дискусија за отворање на Уставот

„Она што е факт по лидерската средба е дека ВМРО-ДПМНЕ, преку претседателот Христијан Мицкоски кажаа дека не се против уставните измени. Тоа е пресврт во самиот процес, со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ долго време држеше теза дека се против уставните измени“ изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека ова е промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, со оглед на тоа што само два часа пред лидерската средба, потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски по седницата на Извршниот комтет даде изјава дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на уставот.
„Два часа потоа Миццкоски рече дека не се против промена на уставот, но под одредени услови. Тоа е пресвртница во целиот процес“ рече Талевски.
Пратеникот од СДСМ рече дека целта на владата е да се направи мобилизација, со цел да се направат уставните измени и државата да го зграпчи моментот за членство во ЕУ.
„Ние го поддржуваме моментот на промена на ставовите во ВМРО-ДПМНЕ и го поддржуваме отвораниот дијалог за условите од денешната средба. ВМРО-ДПМНЕ од денес влезе во процес за дискусија за отворање на Уставот“ рече Талевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен…
Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ…
Зошто актуелниот директор на ДПИ не е…
Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски –…