Пратениците денес ќе избираат нови министри
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е изборот на нови министри за европски прашања и за животна средина и просторно планирање.
Како прва точка е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен пратеникот и поранешен министер за здравство, Беким Сали.
Промените во владините редови следуваат по локалните избори одржани во октомври, откако Изет Меџити ја презеде градоначалничката функција во Општина Чаир. Меџити досега ги извршуваше функциите прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање. За нов министер за животна средина Владата го предложи поранешниот владин портпарол Муамет Хоџа.
На дневен ред се и Предлогот за именување на неизвршен член на Народната банка, како и неколку законски решенија, меѓу кои ратификација на Дополнителниот протокол 7 за решавање спорови во рамки на ЦЕФТА, задолжување кај Европската банка за обнова и развој за проектот „Обновување на товарниот возен парк“ на Железници на РСМ – Транспорт АД Скопје, како и измени на законите за игрите на среќа и за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и за повеќе предлог-одлуки за одобрување годишни програми за работа на институции, меѓу кои Агенцијата за пошти и Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2026 година, како и за Ревидираната фискална стратегија за периодот 2026–2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците денес ќе избираат нови министри
Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница,…
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ОД…
Сојузот на синдикати на Македонија планира да…
Белгија ги замрзнува платите на пратениците во…
Платите на федералните пратеници во Белгија ќе…
Крмов до Гаши: Неделовнички ставате Закони на…
Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов до…
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието,…
„Собранието мора да одлучува за мигрантите а…