Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе ги контролираат АНБ и АР на 25 и 27 март!

t

Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за национална безбедност и над Агенцијата за разузнавање, ќе оди во надзор на АНБ и на АР на 25 и на 27 март во 10 часот, со оние членови што имаат безбедносни сертификати со степен „државна тајна“. Ваквиот заклучок го изгласаа членовите на Комисијата денеска  во Собранието.

Со седницата денеска претседаваше пратеничката Славјанка Петровска. Не беше откриено кој има а кој нема безбедносен сертификат од пратениците што се членови во Комисијата за надзор на АНБ и АР, ама беше кажано дека „мнозинството имаат сертификати“ и така се одлучи надзорите да се спроведат. Првиот ќе биде во Агенцијата за национална безбедност на 25 март во 10 часот, а вториот ќе биде во Агенцијата за разузнавање на 27 март во 10 часот. Претседателот на Комисијата за надзор над АНБ и АР Скендер Реџепи исто така има откриено дека нема безбедносен сертификат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…

Попладнево во полициска станица во Центар, на…

Пратениците кои имаат сертификат „државна тајна“ ќе…

Собраниската комисија за надзор над Агенцијата за…

АНБ тестираше неколку вработени на полиграф

Агенцијата за национална безбедност спровела неколку полиграфски…

АНБ започнува со примена на полиграфско тестирање…

Агенцијата за национална безбедност соопшти дека почнува…

АНБ сѐ уште без заменик директор Албанец…

АНБ и натаму без Албанец на раководна…