Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на Талат Џафери
Денес, пратеничката група на Левица до претседателот на Собранието поднесе официјално писмено Барање за констатирање престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ – по основ на неспојливост на функцијата пратеник и премиер.
Новиот собраниски спикер е должен, кога ќе настапат законските услови за престанок на мандатот на пратеник, тоа да го констатира на првата наредна собраниска седница. Ова е изрична законска одредба од Уставот на РМ, како и од низа други посебни закони: Законот за Собранието на РМ, Законот за пратениците, Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Истовремено, правниот тим на Левица ќе поднесе и претставка до Антикорупциската комисија со цел изницирање прекршочна постапка и изрекување парична глоба против Џафери.
Напоменуваме дека доколку собранискиот претседател Африм Гаши не го стави како точка на дневен ред на наредната седница, против него ќе биде поснесена соодветна кривична пријава за „Несовесно работење во службата“, а размислуваме и за можна интерпелација заради свесно неспроведување на императивни законски одредби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…