Првата официјална покана на новиот албански претседател ќе биде во Косово
Новиот албански претседател, Бајрам Бегај ќе го посети Косово во понеделник, 15 август, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, што ќе биде негова прва официјална посета на една држава по преземањето на функцијата на чело на Албанија на 24 јули годинава.
Како што соопшти кабинетот на Османи, таа го поканила Бегај да го посети Косово, по повод почетокот на неговиот мандат како претседател на Албанија.
Според агендата, Бегај в понеделник претпладне ќе биде пречекан од Османи со високи државни почести на плоштадот, по што двајцата претседатели ќе имаат билатерална средба, по што ќе дадат изјави за медиумите.
За време на престојот во Приштина се очекува Бегај да има средби и со други челници на косовските институции.
Бајрам Бегај, роден 1967 година, по професија професор и специјалист по медицина, ангажиран и во албанската армија, беше избран од Собранието на Албанија за претседател на Републиката на 4 јуни, а должноста од неговиот претходник, Илир Мета ја презеде на 24 јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…