Прво го фалеле како брилијантен, сега не сакаат да гласаат: Дали советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош ја узурпираат општината за да можат да рекетираат?
Повторно се кршат копјата во советот на општина Карпош, откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно го смени ставот за гласање на ДУП со кој се предвидува целосно нова населба на потегот кај касарната „Илинден“ – проект со кој во општината се предвидени да влезат неколку десетици милиони евра приходи.
Според градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ води неконзистентна политика на директна штета на жителите на општината.
Јакимовски на седницата истакна дека мисијата на советниците кои заради “дилови” не гласаат за јавниот интерес е крајно деструктивна и дека го закочува животот во општината, за да се исполнат нечии желби, а наполнат нечии џебови.
Ваквиот неконзистентен став на советниците предизвикува сомнеж дека се спречува општото добро за да можат поединци или групи од ВМРО-ДПМНЕ да ги рекетираат инвеститорите.
- Постои ли ваква општина во свет каде граѓанинот доаѓа пет години по ред и бара да гради, пет години да му одговараш дека нема урбанистички план. Граѓаните трпат, да се качуваат цени, им правиме штета на нивниот животен стандард, наместо да ги решаваме проблемите, им ги усложнуваме, а добиваме секој месец награда и вие и јас… Дали е тоа чесно кон граѓаните?
Народот плаќа секој месец за кога ќе дојде да си побара тоа што по закон му следува, ние тоа му го бришеме и викаме ти не можеш да си ги оствариш своите права затоа што ние не сакаме да работиме. Може некој дел да биде сопрен ама не и цела општина, да го запреме животот на општината. – вели Јакимовски.
Инаку, до пред неколку месеци токму ВМРО-ДПМНЕ и советникот Тони Јаревски, кој сега стана пратеник во Собранието на Р.Македонија тврдеше дека овој план бил „брилијантен“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Водовод“: Голем дел од Карпош денес ќе…
Поради дефект денеска без вода ќе останат…
Старица ограбена во Карпош
На 11.06.2024 во 17:50 часот во СВР…
Украден сеф од објект во Карпош!
Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…
Ограбена аптека во Карпош
На 20.03.2024 околу 21.05 часот во СВР…
Советот на Општина Карпош ја усвои завршната…
Во рамки на 45. седница, членовите на…