Прво да се наручаат, па ќе имаат итна седница: Граѓаните во Скопје и денес треба сами да се снаоѓаат како ќе одат на работа

t

Прво да се наручаат, па ќе имаат итна седница.. граѓаните оставени на милост и немилост!

За денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз, која кулминира откако автобусите на ЈСП од вчера попладне сообраќаат со драстично намален број поради недостиг на гориво. Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.

„Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на Град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на Град Скопје на 21 ноември ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот.

Советот во рамките на своите надлежности е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите итно да го нормализираат јавниот превоз во Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, сподели Славески преку социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно…

Украина ја прекина испораката на руски гас…

Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот…

Почнува да се имплементира проектот „Безбеден град“…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна…

Земјотрес почувствуван во Гостивар и Тетово, епицентарот…

Земјотрес со интензитет од три степени по…

На првиот ден од Новата година сончево…

На првиот ден од Новата година утрото…