Објавено на:

Првпат во историјата Пакистан назначи жена за судијка во Врховниот суд

t

Церемонијата за полагање заклетва беше пренесувана во живо од државните медиуми, а нејзиното назначување, иако историско, предизвика контроверзии во Пакистан.

Правничката Ајеша Малик денес положи заклетва за судијка во Врховниот суд во Пакистан, со што ќе стане првата жена во историјата на таа држава која стигнала до највисокиот суд, пренесува Агенција Анадолија.

Церемонијата за полагање заклетва беше пренесувана во живо од државните медиуми, а нејзиното назначување, иако историско, предизвика контроверзии во Пакистан.

Многу адвокати и судии се спротивставија на овој потег, тврдејќи дека е нарушен принципот на сениоритет, бидејќи Малик (55) беше четврта судијка во Високиот суд во Лахоре пред да биде унапредена.

Судската комисија на Пакистан, деветчлено тело кое ги потврдува таквите назначувања, го одби нејзиното унапредување во Врховниот суд минатиот септември.

Гласањето беше повторено на почетокот на 2022 година, а комисијата го потврди нејзиното назначување со пет гласа „за“ и четири „против“.

Парламентарната комисија ја одобри одлуката минатата недела, а потоа и претседателот Ариф Алви.

Малик го завршила своето основно образование во училиштата во Париз и Њујорк, а средно продолжила во Пакистан. Има завршено право на пакистанскиот Правен факултет во Лахоре, пред да магистрира на Правниот факултет „Харвард“ во САД.

Пред нејзиното назначување за судијка на Високиот суд во Лахоре во 2012 година, Малик работела на различни функции во адвокатски канцеларии и е авторка на голем број публикации за трговија и финансиски услуги, независност на правосудството и секуларните закони на Пакистан.

Таа беше известувач за Пакистан од Оксфорд за меѓународното право во домашните судови, во апликацијата „Oxford University Press“.

Беше про-боно советник на невладини организации кои работат на програми за намалување на сиромаштијата, микрофинансирање и обука за вештини.

Таа исто така предавала банкарско право на Универзитетот во Пенџаб и трговско право на Факултетот за сметководство и менаџмент во Карачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшно: Толпа во Пакистан извлече турист обвинет…

Толпа во Пакистан извлекла турист обвинет за…

Разгневена толпа во Пакистан запалила куќа и…

Стотици гневни муслимани нападнале христијанин во Пакистан,…

Втор етнички терористички напад за неколку недели…

Вооружени напаѓачи во југозападен Пакистан егзекутираа најмалку…

Пакистан ги забрани сите новогодишни прослави во…

Владата на Пакистан ги забрани сите новогодишни…

(Видео) Огромни огнени пламени голтнаа цел трговски…

Голем пожар избувна во трговскиот центар Арши…