Објавено на:

Турција ги повика Индија и Пакистан да дејствуваат со здрав разум

t

Индиската војска испали ракети врз девет локации во Пакистан како одмазда за нападот во Кашмир за кој се обвинуваат радикалните исламисти. Најмалку 26 лица загинаа, а 46 се повредени во нападите, соопшти пакистанската војска.

Од друга страна, индиските власти потврдија дека најмалку седум цивили се убиени, а 30 се повредени во пакистанските напади долж „Линијата на контрола“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „штета“ што нападот се случил синоќа и дека се надева на брз крај.

Турција ги повика Индија и Пакистан да дејствуваат со здрав разум во услови на тековната воена ескалација меѓу двете земји, соопшти турското Министерство за надворешни работи, велејќи дека најновата воена акција на Индија создала ризик од „тотална војна“. Турското министерство ја повтори својата поддршка за барањето на Пакистан за истрага за нападот на исламистичките милитанти во кој на 22 април загинаа 26 лица во дел од хималајскиот регион под индиска администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Девојка од 22 години стана прв тренер…

Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…

(Видео) Анталија е во пламен — почина…

Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…