Првпат инспекторите за животна средина излегуваат на терен и пишуваат казни секаде кадешто има неправилности
Мислам дека загадувањето е присутно многу поодамна и не можеме да го ограничиме мандатски на гардоначалниците. Ако се земе предвид дека првите мерни станици се поставени во мандатот на Коце Трајановски, индикатори дали воздухот е загаден или не се појавуваат многу порано, вели во денешното гостување во “Студио 10” заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски.
– Мотото на Петре Шилегов и тогашната негова кампања беше “за почист воздух”. Оваа година ако добро ја согледате ситуацијата, освен 7-8 дена немавме загадување. Во однос на постапувањето на инспекторатите јас првпат сум видел тие да излегуваат на терен и да постапуваат, да бидат изречени казни. Тоа беше во почетокот на мандатот на Арсовска и сега со случајот со компанијата во Кисела Вода, која компанија не работела по стандарди и видовме дека доколку испитувањето на воздухот се прави ненајавено има запрепастувачки резултати.
Не може со инвертери да се реши загадувањето, инвертери се поделени 5.000 досега, тоа се 5.000 домаќинства кои јас објективно можам да кажам дека не се сите согорувачи на дрва кои требало да бидат заменети, се делеле клими во Капиштец и Аеродром каде има централно греење.
Сега енергетската криза си го прави своето, не може да се каже дека имавме долгорочна стратегија и во делењето печки за пелети кои во кризава станаа многу скапи.
Во однос на казнувањето и контролата на работата на отпадите сега се многу почести контролите и подетални, јас лично немам забележано горење на отпад, ако биде забележано на терен излегуваат противпожарната служба и инспекторатот.
Голем дел од правните лица кои имаат потреба од еколошки дозволи ги нема во регистар и ние немаме податоци кој што работи и дали може да согорва одредени материјали.
Мерењата во Усје се направени без најава и тука се појави проблемот со Цементара, вели Трајановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…