Предвремени избори “мало сутра”: Ковачевски одбива “уцени” и “закани” од опозицијата – Што после ова?

Иако премиерот Ковачевски експресно го одби предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за средба на која ќе договорат датум за предвремени парламентарни избори, опозициската партија ќе ја држи отворена понудата до 10-ти мај во случај премиерот да се премисли. Новинарот Зоран Иванов смета дека Ковачевски ќе остане на својот став, бидејќи, како што вели, одржувањето на предвремени избори во моментов би бил нерационален и непродуктивен чекор за државата. Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов пак вели дека избори се неопходни, а доколку Ковачевски не го промени ставот, опозициската партија ќе ги искористи сите демократски средства.
„Опозицијата нема никаква конкретна идеја што ќе прави ако ја преземе власта и како ќе го полни веќе празниот буџет клучот е власта и опозцијата, а да почнат не да преговараат туку да разговараат но не само на темата ќе има или не избори, туку за реформи дури и ова некак е можда е добро ковачевски да проба да ја привлече опозицијата да учествува на некој начин во власта до редовните избори, власта , нека се откаже коалицјата од 1-2-3 минитерски места нека даде понуда можеби таа варијатна ќе го деблокира парламентот кој сега е блокриан.“- вели новинарот Зоран Иванов за Канал 5.
„ Нема човекот демократски капацитет сто дена се поминати нема средба со никој од опозицијата тоа само тоталитарен режим и хибриден режим може така да функционира, кај него што нема демократски капацитет за разговор тоа ќе си го види на друг начин ќе го слушне гласот и на Христијан Мицкоски и на народот и опозицијата воопшто.“- Александар Пандов
Иванов и Пандов не се оптимисти дека во јуни Македонија ќе добие зелено светло од Бугарија за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Но, двајцата се на различен став како исходот во Брисел ќе влијае врз домашните процеси.
„Блокадата или деблокадата не се услви за предвремени избори тоа се внатршена состојба. Социјалата притиска со целата сила и од тој аспект може да се предизвикаат избори да се доблокираат институциите на системот дали тоа ќе биде со протести или опструкции во Собранието. “-Зоран Иванов – новинар
„Иако го добиеме и во едниот и во другото сценарио тоа е повторно повик за предвремени избори, само за потсетување над 80 отсто од наслеението не го оправдува работењто на оваа влада.“- Зоран Иванов – новинар
Ковачевски го отфрли барањето на Мицкоски, со образложение дека не прифаќа уцени и закани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…
Обвинителството во Приштина започна истрага заради техничките…
Основното Обвинителство во Приштина ја овласти косовската…
На изборите во Косово право на глас…
Централната изборна комисија на Косово денеска го…
Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…
Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…