Предизвикот на градоначалникот Боби Стефковски со реизградената дивоградба на Фијат Цановски

t

Во 2011 година беше срушена дивоградбата во тек на градба на фирмата “Фине” зад која стоеше тогашниот пратеник Фијат Цановски, во тоа време сват на медиумскиот магнат Велија Рамковски. Дивоградбата беше срушена со одлука на општината но и на судовите во сите истанци во време кога градоначалник на општината Гази Баба беше Тони Трајковски.

По доаѓањето на СДСМ на власт, започна процес во кој власта преку правосудните органи под нејзина контрола сака да обезбеди милионска сума за себе преку конструираниот предмет од СЈО наречен “ТНТ”.

Идејата на тогашниот владин врв и на Фијат Цановски е преку оваа постапка, а во директна изведба на СЈО а подоцна ОЈО и судиите Ставрев и Шабани прогласувајќи ги без никакви реални докази обвинетите за виновни, да обезбедат според некои проценки 20 а по други дури 40 милиони евра оштета, кој како плен се планираше да го поделат неколку луѓе, меѓу кои веројатно и самиот Фијат Цановски и веројатно оние кои му го овозможуваат тоа, помеѓу кои Зоран Заев како контролор на судството, судиите Огнен Ставрев (син на поранешен државен висок државен и партиски функционер за време на социјализмот) и Осман Шабани (оној кој го донесе на штаки Миле Јанакиески во суд брзо по извршена операција на коленото), а можеби некоја ронка од колачот би оделе и за некој во обвинителството, кои прават се за овој предмет без никаков доказ да го добијат.

Понесени од моќта, воопшто не им пречеше фактот што претходно фирмата на Фијат Цановски кој ја градела дивоградбата во Гази Баба, обидувајки се да докаже дека работела законски и дека не гради дивоградба, ги загубила сите можни судски спорови на сите можни судски инстанци. Ниту пак им пречеше инволвираноста на поединци од опкружувањеро на Цановски во аферата Рекет 2, во која Боки 13 според обвинението бил почестен со одредена сума пари за да заврши некои не законски работи во нивна корист, а попатно преку неговата телевизија и да даде подршка на овој проект од кој блишти лакомост и корупција.

За почеток, СЈО за кое јавна тајна е дека беше контролирано од Зоран Заев сосема незаконски ја повлече кривичната пријава против Фијат Цановски за градењето дивоградба. Нешто за што неодамна еден од адвокатите побара правна одговорност за обвинителот Бурим Рустеми кој го води и предметот ТНТ и за Катица Јанева.

И сега доаѓаме до главната поента на овој текст.
Очигледно е дека на Фијат Цановски тоа што му ја повлекоа пријавата и се започна политички мотивиран процес за ТНТ со цел да се издејствуваат 20-40 милиони евра наводна оштета, не му беше доволно.

Тој одлучи на истите незаконски изградени и не срушени темели и подземно изграден гаражен простор од два нивоа од објектот-дивоградба кој се сруши само во делот над земјата, да почне нова градба и да заработи дополнителни десетици милиони евра.
Власт е власт, па Фијат сакаше до крај да ја искористи.

Но каде Фијат “се претера”?

Во тоа време градоначалник на општината Гази Баба е Борис Георгиевски од редовите на СДСМ и под контрола на Заев.

Од друга страна, фирмата на Фијат Цановски при рушењето во 2011 година, иако имаше обврска да ги сруши темелите, очигледно со план, ако некогаш се сменат политичките околности, со помали трошоци да ја обнови градбата на огромниот станбен простор.

За несреќа на Цановски, причината заради која објектот беше незаконски граден, па оттука и прогласен за дивиградба, е токму во незаконитоста би градење на подземниот дел и темелите.
Имено, своевремено, кога била издадена градежна дозвола, таа предвидувала три подземни нивоа на гаражен простор и одредена утврдена висина или длабочина на ископот односно подземниот простор.

Но, при копањето градежна јама, на одредени ниво почнала да се појавува вода. Инжињерите му кажале на Цановски дека тоа е решливо но дека ќе треба да инвестира дополнителни околу два милиони евра.

Тогаш според информациите “досетливиот” Цановски, за да ги заштеди овие пари им дал инструкција наместо три нивоа подземни гаражи, да градат само две нивоа, и помала длабочина, односно градежната јама а со тоа и подземната градба да ја направат по плитка односно помалку длабока за околу еден метар и четириесет сантиметри и така да избегне поголеми трошоци од водата која се појавувала доколку се копа подлабоко.


Цановски кој во тој период беше пратеник, веројатно сметал дека “ќе ја заврши” работата со балкански политички методи или со пари, но излезе дека работите не одат така, бидејќи за некој да му потпишел измена на градежната дозвола треба да ризикува одење во затвор еден ден кога тоа ќе се случи.

Но, тоа не му било проблем на градоначалникот на СДСМ Борис Георгиевски да не се противстави на повторната градба на објектот на истите темели од претходно.

Па така, Фијат повторно го изгради објектот и дури почна да продава станови на граѓани кои не се свесни дека објектот според поранешните одлуки на општината Гази Баба и одлуките на сите судски инстанци е изграден на спротивно на Законот изградено подземје и токму таму лежи дивоградбата на овој проект.

Не сме провериле како оди продажбата на станови во овој објект, но, очекуваме да видиме како сега ќе постапи новиот градоначалник на општината Гази Баба Боби Стефковски, кој веројатно знае дека и непостапувањето при незаконско однесување на правен субјект во општината е кривично дело исто како и незаконското постапување на градоначалник.

Не се само неговото законско работење и углед во прашање, туку и угледот на партијата која го номинирала.

Дали ќе ја реактивира кривичната пријава против одговорните лица во фирмата “Фине” бидејќи градбата продолжи на истите – стари темели-дивоградба и дали ќе постапи согласно одлуките на судовите или пак ќе одбере конформизам и не конфронтирање со власта и со инвеститорот кои сите знаеме дека се моќни, и политички и финасиски.

А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација го укина предметот ТНТ! Разрешени поротници…

Апелациониот суд во Скопје ја укина првостепената…

104-годишна бабичка скокнала со падобран

Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…

Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…

Предизвикот на градоначалникот Боби Стефковски со реизградената…

Во 2011 година беше срушена дивоградбата во…

Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…

Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…