Апелација го укина предметот ТНТ! Разрешени поротници носеле решение наместо претседателот на советот!

t

Апелациониот суд во Скопје ја укина првостепената пресуда за предметот ТНТ, поврзан со уривањето на “Космос” на Фијат Цановски.

– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира  дека:

Постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ – 157/22, во јавноста познат како ТНТ, Апелациониот суд Скопје на нејавна седница на ден 16.11.2023 година, ги уважи жалбите на обвинетите Ј.М. од С. и Е.Н. од С. изјавени против Решение за исправка на Основен кривичен суд Скопје од 01.09.2023 година и истото го укина од следниве причини:

Решението за исправка КОК-53/17 на Основниот кривичен суд Скопје е донесено од судија на 01.09.2023 година на кого предметот му е доделен во работа со одлука на Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје на ден 07.09.2023 година.  

Исто така, првостепениот суд Решението за исправка го донел спротивно на одредбите на ЗКП во совет составен од петмина судии, а согласно ЗКП ваква одлука носи претседателот на совет.

Во донесувањето на Решението за исправка учествувале двајца судии поротници кои не смееле да постапуваат и одлучуваат затоа што Судскиот совет на Република Македонија на ден 09.08.2022 година го разрешил судијата поротник Т.Т.С., а на ден 27.09.2022 година го разрешил и другиот судија поротник К.К., а станува збор за Решение донесено на ден 01.09.2023 година. Дополнително, во списите на предметот нема Записник за советување и гласање.

Со оглед да исправката е по однос на член 409 став 2 од ЗКП во делот на изреката по однос на неусогласеност на изречената казна по висина, помеѓу Изворникот на пресудата и писмено изработената пресуда, согласно податоците од член 404 став 1 точка 3  од ЗКП првостепениот суд погрешно  ја примени одредбата од член 409 став 2 од ЗКП.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот лидер на политичката партија ПЕИ Фијат Цановски кој ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по изборите. Во обвинението е наведено дека со уривањето е причинета штета од 16 милиони евра, а дополнително буџетот на општина Гази Баба бил оштетен за речиси 50 илјади евра.

Во овој предмет првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. По него обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешниот градоначалник Тони Трајковски како и неколкумина вработени во општината Гази Баба. Тие се гонат за злоупотреба на службена должност поради уривањето на објектот „Космос“ на бизнисменот и тогашен лидер на политичката партија ПЕИ Фијат Цановски, кој, ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Апелација го укина предметот ТНТ! Разрешени поротници…

Апелациониот суд во Скопје ја укина првостепената…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…