Предистражна постапка поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама
По доставено известување од страна на МВР за сознанија до кои дошла УЈП, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.
Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, на барање на предметниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови.
Полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координарано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедија бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.
Претресите се уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предистражна постапка поради основи на сомневање за…
По доставено известување од страна на МВР…
Акција „Кипер“ – Се бара притвор за…
Денешната координирана полициска операција со кодно име…
Скопјанец осомничен за обид за силување
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
МВР потврди: Исмет Гури ѝ се предал…
Поранешниот заменик директор на Управата за јавни…
МВР постапува по предмети поврзани со криминал…
Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе…