Предложен притвор за недозволено држење оружје и муниција

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик.

Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција – 2 полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.

Кога полициски службеници на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна.

Јавниот обвинител ја предложи притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО ќе организира средба со родителите на…

Откако за време на вчерашниот протест во…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…

Јавен повик од семејствата на загинатите во…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

ОЈО не се откажува од гонење на…

Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…